Охриѓанецо Јован, од денеска реши да штрајкува со глад пред Основниот суд Охрид, откако според него, судот донел неправедна одлука со која му е одземена семејната куќа.
Тој вели дека неговотото четиричлено семејство, веќе четири и пол години е иселено од родната куќа, врз основа на пресудата, која како што нагласува, е донесена врз основ на „непостоечки“ усмен договор.
„Последната пресуда која ја добив сега, гласи дека јас и лицето кое ме тужи, сме имале усмен договор за да му дадам 11.000 евра. Јас со него никогаш немам разговарано за да ми даде заем, не пак да сум постигнал некаков си договор.“ – вели охриѓанецот Јован.
Пресудата која е донесена од страна на охридскиот суд, по претходна жалба на една од странките, ја има потврдено и Апелациониот суд во Битола.
„Пресудата е донесена, а Апелациониот суд во Битола ја има потврдено. Вредноста на тужбата е 40 000 денари, што во никој случај не ја отсликува вистинската вредност. Се работи за куќа, а не за велосипед. Со таа проценета вредност, не ќе можам да се жалам до Врховниот суд.“ – истакнува Јован.
Спорниот индивидуален објект се наоѓа во населбата Воска. Како што потенцира незадоволниот граѓанин, тој ќе штрајкува се додека не се донесела праведна одлука.
„Ќе останам овде се додека не ми се реши проблемот. Едноставно не мрдам од овде. Тука ќе сум цело време, ако треба ќе штрајкувам со месеци и години.“ – вели нашиот сограѓанин, кој од денеска започна штрајкот со глад, пред Основниот суд во Охрид.
О.Т.