Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „Предизвикување општа опасност“, а во пријавата е опфатен и 42 годишен охриѓанец за сторено дело „Помагање“.

Синоќа околу 23 часот и 50 минути, 33 годишното лице со автоматска пушка „Калашников“ испукал повеќе куршуми во угостителски објект во централното подрачје.

Двајцата пријавени во кабарето пристигнале синоќа околу 22 часот и 30 минути и побарале да бидат послужени со алкохол, а по кратко време поради недолично однесување лицето било замолено да го напушти локалот.

Револтиран од таа постапка, пријавените со патничко моторно возило се упатиле во домот 33 годишниот охриѓанец, од каде тој земал автоматска пушка и пиштол што ги поседувал без одобрение.  Двајцата се вратиле во угостителскиот објект, каде горенаведениот со нога ја отворил влезната врата и откако ја репетирал автоматската пушка веднаш испукал повеќе куршуми.

По брза интервенција на полициските службеници пријавените се приведени во СВР Охрид, а на лице место се одземени автоматската пушка и пиштолот, како и повеќе куршуми.

При извршен преглед во патничкото моторно возило „Форд мондео“ кое претходно било управувано од страна на 33 годишниот охриѓанец, пронајдени се уште 68 куршуми за автоматска пушка калибар 7,62 милиметри. Одземените предмети се предадени на вештачење во министерството за внатрешни работи во Скопје.    

OhridNews