62- годишен охриѓанец со нож нападнал и малтретирал сопственик на стан во Скопје пред влезната врата од неговиот дом.

Според информациите на МВР, причина за инцидентот бил претходен меѓусебен договор за купување на плац за што охриѓанецот на лицето од Скопје му исплатило аванс во висина од 2500 евра. Откако охриѓанецот се откажал од купувањето на плацот, барал да му бидат вратени парите од дадениот аванс.

На скопјанецот му била нанесена телесна повреда, расекотина во пределот на левата рака при што му била укажана лекарска помош.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews