СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 16- ти декември , во 17.50 часот, од страна на полициски службеници при обид да се изврши претрес во домот на пријавениот, со цел пронаоѓање на предмети кои произлегуваат од извршени кривични дела, пријавениот со физичка сила спречил полициски службеник во вршење на службените задачи.

OhridNews