27-годишен охриѓанец, преку телефон и се заканувал на 30-годишна жена дека, доколку не му плати 800 евра, на социјалните мрежи ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина. Откако девојката му дала пари, бил извршен претрес во домот на пријавениот, каде што биле  пронајдени парите.

СВР Охрид против пријавениот поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“.