За  портпаролoт за економски прашања на ЛДП Дејан Блажески, веќе  не пишуваат само локалните медиуми. По добивањето на централната говорница, Блажески повеќе од очигледно е дека буди интерес и на централно ниво.

Како доказ за претходно кажаново е написот во  последниот број од неделникот „Фокус“,  каде претседателот на ОО ЛДП – Охрид, Дејан Блажески, е избран  во  четворицата “Различни за 2012” година,  во друштво на актерот Никола Ристановски,  музичарот Кирил Џајковски и поетот Дарко Лешовски.

Кратко, интегрално пренесуваме дел од текстот односно критиката која се однесува на нашиот сограѓанин: „Блажески е млад политичар, и мотивиран оптимист. Зборува за политиката, но ја сака економијата не сака никаде незаслужено и гледа привилегиите да ги заслужи.Тој е од младата генерација политичари кои не прифаќаат место под сонцето што го нуди некоја владејачка гарнитура. Во суштина идеалист, молчи само пред оние кои самиот ќе ги прогласи за авторитети. Не ја гледа или признава иднината веднаш, задутре, малку подалеку  подалеку му досега погледот и малку повеќе очекува од себе и од другите.Бескомпромисен во либералноста, а едноставно демократијата може да ја сфати како догма.Охрид му значи многу повеќе отколку на многумина кои се за него одговорни. Духовит и умен, по ништо не е сличен на своите вмроовски сограѓани кои одамна се инсталираа во Скопје. Амбициозен е и своеглав, но слуша и помни, учи и не е исклучив.“ -стои во текстот.

OhridNews