Поради основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Полов напад врз дете„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т. (27) од Охрид. Од страна на Истражен Судија, него му е одредена мерка Притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот,во текот на месец Јули оваа година, во неговиот стан, каде малолетникот и неговиот родител живееле под кирија, извршил обљуба и други полови дејствија врз малолетник роден 2003 година.
По извршени медицински прегледи во Охрид и дополнителни прегледи во Битола, кај малолетникот констатирани се повреди кои недвосмислено укажуваат дека се работи за извршена обљуба односно сексуален чин. Во рамките на комплетниот медицински третман извршени се и неопходните невро-психијатриски прегледи и анализи.
За извршеното кривично дело „Полов напад врз дете„ во СВР Охрид, во присуство на Адвокат за малолетници, извршени се темелни разговори со малолетното дете и со неговиот родител по што за настанот известен е Центарот за социјални грижи.
Со цел пронаоѓање на траги поврзани со кривичното дело, по наредба на Истражен Судија при Основниот Суд Охрид, извршен е претрес во станот на пријавениот. Од страна на полициските службеници, пронајдени се и одземени одредени предмети кои се испратени на вештачење и понатамошна анализа. Пронајдени се и ЦД- дискови со порнографска содржина.












