Од страна на полициските служби било излезено на лице место и било утврдено дека на 4- ти мај лицето било забележано како со уште едно лице пијат ракија од пластично шише, на една од тезгите во Градски пазар, при што и двајцата биле видно под дејство на алкохол. По кратко време едниот си заминал, а околу 23,25 часот, охриѓанецот бил забележан како лежи. По укажаната лекарска помош од страна на доктор било утврдено дека се здобил со крварење во мозокот и е во животна опасност, по што истиот ќе биде пренесен на лекување во Одделението за неурохирургија во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Охрид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.