Синоќа околу 21,15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“ се случи тешка сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ман“ со тетовски регистерски ознаки со приклучно возило, сопственост на Пофикс-Тетово, а управувано од А.А.(1962) од Тетово, и камион „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки, сопственост на Галеб АД Охрид, а управувано од Петре Ц.(1959) од општина Дебрца-Охрид.
Во незгодата Петре Ц. се здобил со тешки телесни повреди и истиот е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде им подлегнал на повредите, соопшти МВР.
Увид на лице место извршиле истражен судија, заменик јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица во Гостивар. Поради несреќата сообраѓајот на Стража бил во прекин во времето од 21,15 до 02,05 часот.
извор: МВР











