Вчера околу 07.30 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај Смилковско езеро, се случила тешка сообраќајна незгода во која загинал 56-годишниот охриѓанец А.М., управувајќи ПМВ „БМВ Х6“ со охридски регистарски ознаки.
Според соопштението од МВР тој излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат Смиљковци-населба Бутел.
По незгодата сопатниците во возилото на возраст од 22 и 12 години и двајцата од Охрид, биле пренесени во Ургентен центар – Скопје каде им е укажана лекарска помош и им се константирани тешки телесни повреди. Истите се задржани за понатамошно лекување.
Додека кај возачот на возилот на местото на настанот, од страна на доктор од Итна медицинска помош е константирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ОУСН-Скопје.
OhridNews