Охриѓанецот Александар Кочоски се најде рамо до рамо со фудбалските великани Горан Пандев, Ндерим Неџипи и Христијан Кировски откако со 16 години, 7 месеци и 24 дена дебитираше за Младост Царев Двор на дуелот во Скопје со екипата на Шкупи.


Кочоски кој е дел од охридската фудбалска академија под капата на Фудбалската федерација на Македонија нема по добро да го памети првиот настапо во елитата примајќи пет погодоци.

– За мене е голема чест што добив доверба да дебитирам во Првата лига, но сигурно убедливиот пораз на тимот нема да остане во добро сеќавање. Во секој случај, настапот во Првата лига е само голем мотив за мене да продолжам со уште понапорната работа. Посакувам што поголем број млади фудбалери да добиваме шанса во најсилната наша лига. – рече за „Екипа.мк“, младиот охриѓанец.


Тој меѓу стативите се најде принудно откако првиот голман Илче Петровски паузираше еден натпревар поради жолти картони, но сепак обезбеди место во историјата како најмлад голман кој дебитирал во Првата лига. 

Фото : Екипа.мк
Ohridnews