Деновиве на youtube излезе најновиот видео-запис на 22-годишниот охриѓанец Антонио Ристески, апсолвент на џез контрабас на штипскиот Универзитет.
Видеото и аудиото се направени кај Ѓорѓи Вацев од Гевгелија, а мастерингот е дело на нашиот сограѓанин Даниел Јовески.
Моментално, Ристески работи на проектот „Само Тони и Две жени“, a автентично за него е тоа што истовремено свири на гитара, тапани, усна хармоника, казу и бас гитара.
Досега има настапeнo на повеќе манифестации ширум земјава, како Виноскоп во Скопје, Баскерфест Македонија, Фестивалот Т’к так во Кавадарци, настапи со Сашо Гигов-Гиш во Домот на млади во Штип итн.
OhridNews