Познатиот џез-фанк изведувач, охриѓанецот Владимир Четкар, вчера концертно настапи пред преполната “Светска престолнина на џезот” во Менхетен, „Блу Ноут“.
На петтиот настап на Четкар во ова легендарно место, го придружуваа Мотохито Фукушима на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо на тапани.
Меѓу гостите беа и американскиот дипломат Филип Рикер, како и амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски.
Инаку, на концертот настапи и легендата на Казабланка Рекордс и Диско музиката, Ди Си Лару, кој заедно со Четкар го исполни својот најголем хит “Катедрали”.
OhridNews