Охриѓанецот Давор Дишлиески го фати чесниот крст во водите на Тиквешкото езеро кое беше фрлен по повод големиот празник Богојавление – Водици.


Светиот крст заврши во рацете на охриѓанецот, Давор Дишлиески.

Дишлиески кој живее и работи во Кавадарци, беше најсреќниот помеѓу десетте капачи кои се фрлаа за светиот крст. Охриѓанецот по прв пат се капи за “Водици“ во Тиквешкото Езеро а среќата му се насмевна токму него.

Ohridnews