Охриѓанецот Душан Неданов е победник на првиот ревијален боди билдинг натпревар, кој се одржа на „Плажата Кадмо“, а го организираше фитнес центарот „Фит Форм“.


На подиумот продефилираа билдери од повеќе градови од нашата земја, а симпатиите на стручното жири ги освои Неданов.


Втор заврши Љупчо Дамчевски од Демир Хисар додека третото место му припадна на Јован Бочвароски од Охрид.


Во женска конкуренција триумфираше Елена Митреска. Прва придружничка и е Виолета Переска, а втора Ива Алексиќ.


Ревијалниот боди билдинг натпревар го водеше Жанко З`ш Голабоски додека во забавниот дел настапија Влатко Лозаноски, Четкар како и охридските музички ѕвезди Денис Мурат и Симона Попоска.

Мх.П.