Извонредниот саксофонист од Охрид Горан Папаз, кој минатата година реализира над 70 настапи,  2016 ќе ја започне со два концерти во Србија.

 

-На 8-ми јануари настапувам со целовечерен концерт во градот Бајина Башта, во домот на културата, а на 9-ти во клуб Мајдан – општина Уб, во близина на Белград. – истакна Папаз.

На репертоарот ќе се најдат неговите авторски нумери и неколку преработки на наши но и светски познати хитови.

По враќањето од Србија, Папаз најавува нова песна, изработена со веќе добро познатиот продуцент Александар Масевски, а на истата гостин ќе биде Нина Јанева. 

OhridNews