Охриѓанецот Јован Јованоски се закити со сребрен медал во категоријата „Јуниори“ на Балканското првенство во планински велосипедизам што од 12-14 септември се одржа во Пампорово, Бугарија. Прв во неговата конкуренција финишираше грчкиот натпреварувач Александрос Врочидис, а на пиедесталот како трет се искачи бураксиот велосипедист Добрин Лиловски.
Од останатите македоснки натпреварувачи, Петар Упевчески се пласира на 18 место, додека забележителни резултати во категоријата „Кадети“ покажа дебитантот Влатко Рабаџиски од Радовишкиот ВК Свиок со одличното 9 место, Новица Вељаноски од Охридскиот Екодром беше 11ти, а Кристијан Николов и Драган Цветков од МВК Велес се пласираа на 14 односно 15 место од вкупно 23 натпреварувачи.
На Балканското првенство учество зедоа националните тимови на Бугарија, Турција, Кипар, Грција, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.
OhridNews