Охриѓанецот Јован Јованоски триумфираше на Балканскиот Шампионат во планински велосипедизам  што се одржа во Нови Пазар, Србија.


На шампионатот се претставија репрезентациите на 7 Балкански држави, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Кипар, Турција, Романија и репрезентацијата на Македонија.


Во возбудлив натпревар Јованоски успеа да го совлада својот лут ривал Турчинот Чебраил Шеќер, реванширајќи му се за незаслужениот пораз на друмскиот шампионат.


– Честитки пристигнуваа од сите страни, Градоначалникот на Нови Пазар, селекторите на останатите репрезентации, натпреварувачите, а особено од домашната публика која сентимантално го бодреше црвено жолтиот дрес, воодушевени од нашите кошаркари и нашите велосипедисти – вели членот на УО , Александар ЈОваноски


Јованоски и македонската експедиција уште еднаш им докажа на нашите соседи дека иако малечка и сиромашна земја, Македонија има квалитетни потенцијали во спортот подготвени од срце и душа да ги бранат националните бои на дресот и нашето знаме.   


М.П.