Охриѓанецот Антонио Крстаноски својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во младинскиот погон на Вардар.


Напаѓачот кој минатата сезона постигна преку 30 погодоци за кадетската екипа на Охрид, која стана првак во својата конкуренција , своето фудбалско надградување ќе го продолжи под тренерската палка на Марио Вујовиќ.


Охридските кадети под тренерското водство на стружанецот Ѓоце Крстаноски мината сезона постигна преку 100 голови и со еден пораз и три нерешени средби повеќе од заслужено го освоија првото место.

 М.П.