Охриѓанецот Зоран Левески и неговиот репрезентативен колега Дарко Ранготов во јуни ќе заминат во Либан каде ќе го засилат либанскиот првак Садака Беирут за настапите во Лигата на шампиони во Азија.  Македонските репрезентативци таму ќе минат еден месец кога е крај во македонскиот шампионат.


– Ќе играме во Лигата на шампиони на Азија каде учествуваат 8 шампиони меѓу кои и Иранскиот првак. Иран е петта светска футсал лига сила во светот. Системот на натпреварување е турнирски, а ќе се игра во Доха, Катар – вели Левески.

За настапот во ЛШ, Ранготов и Левевски ќе заработат по 10.000 долари.

Ohridnews