Експедицијата на македонската фудбалска репрезентација во која се наоѓа и охриѓанецот Ристе Маркоски заминаа за Турција каде на 14 декември в петок ќе одиграат пријателски натпревар со селекцијата на Полска.


Селекторот на фудбалската репрезентација Чедомир Јаневски за пријателскиот меч со Полска да им даде шанса на фудбалерите кои доаѓаат од македонскиот шампионат. Единствено “странци“ во репрезентацијата се голманот Кристијан Наумоски и Даниел Мојсов.

– Овие фудбалери се најдобрите во Првата македонска фудбалска лига. Тие се лидери во екипата каде настапатуваат. Сакам позитивен резултат но пред се сакам добра игра. Во иднина ќе имаме повеќе вакви пријателски натпревари со фудбалери од домашниот шампионат – истакна селекторот на А репрезентација Чедомир Јаневски.

Покрај Ристе Маркоски од кичевскиот клуб каде тренер е охриѓанецот Драган Бочески на репрезентативниот список имаше место уште за Марко Симоновски, Филип Најдовски и  Владимир Петрески.

Мх.П.