Ученикот Мартин Мурговски од ОСУ „Св.Климент Охридски“, под менторство на проф. Ана Топенчарова-Коваческа деновиве во Италија учествуваше на финалето од меѓународниот HIPPO натпревар за англиски јазик, организиран од Global Hippo, EDI i Pearson каде достојно ја претстави охридската гимназија.

Мурговски го освои осмото место во својата категорија, за што ќе добие меѓународно признат Сертификат за англиски јазик.

– Дека навистина станува збор за ученик со големо познавање на англискиот јазик,покажа уште еден успех на Мартин само 4 дена по успехот во Италија. На Државниот натпревар за англиски јазик кој се одржа на 17 мај во Скопје тој го освои второто место, информираат од гимназијата.

На меѓународниот ХИППО натпревар за англиски јазик во Италија, учествуваа 74 ученици од 8 држави. Организаторот истакна дека сите тие се победници, бидејќи се најдобри во конкуренција од 11500 ученици кои учествуваа во прелиминарниот дел.

OhridNews