Охриѓанецот Филип Митрески се наоѓа на неколкудневни проба во тимот на српскиот суперлигаш Смедерево, кој во Охрид се подготвува за новата сезона во српската суперлига.  Митрески одигра неколку натпревари за “сините“, а беше дел од српскиот тим кој загуби од Охрид со 1-0.


Одлично сум примен во средината, напорно работам со цел да се наметнам кај “шефот“ – вели Митрески кој пред шест месеци од Охрид Лоте премина во Охрид, и во тимот на Ѓорески постигна пет гола.


– Младиот Филип има потенцијал, некое време работи со нас и полека се привикнува на нашиот стил на работа. Дали ќе додје до негов ангажман зависи од менаџерите на тимот – рече стратегот  Драган Ѓорѓевиќ.


Популарните “околпници“ во Охрид ќе останат до крајот на неделава а во среда на “Атина БОјаџи“ ќе и одмерат силите со албанскиот суперлигаш Поградец.

М.П.