Општината Охрид ќе оддвои одредени парични средства и ќе го помогне учеството на охриѓанецот Гоце Мојсоски на интернационалниот избор за машка убавина “MANHUNT” што ќе се одржи од 28 септември до 12 октомври во Јужна Кореа.


– Општината Охрид ги препознава вистинските вредности и затоа одлучивме да му помогнеме на Мојсоски во негово што подобро преставување на Охрид и Македонија во светот – рече градоначалникот Петрески.


Мојсоски во Јужна Кореа патува на 27 септември, а тој избран меѓу многумината македонци кои треба да не преставуваат на овој избор во Македонија. Лиценцата за изборот ја има студиото Црнокрак.

Гласањето ќе се одвива и преку интернет и тоа на веб страната www.manhunt.com.sg

Ohridnews