Најголемата звезда на Првиот атлетски митинг Марјан Опреа е избран за најдобар атлетичар во Романија за 2010 година. Скокачот во трискок по повредата на колената, својот камбек во атлетиката го имаше во мај на митингот во Охрид.


Опреа заврши како второ пласиран на ЕП во Барселона, тој до второто место доскокна со 17.51 м. што беше најдоборо остварување за него сезонава.   Победникот во дисциплинта трискок на
првиот атлетски митинг во Охрид , романецот Марјан Опреа беше еден од
најзаслужните во триумфот на репрезентацијата на Европа на
Континенталниот Куп на атлетика што се одржа во Сплит, Хрватска.


Опреа
(28) кој годинава бележи значителни успеси, најави дека и наредната
година ќе дојде во Охрид, да настапи на атлетскиот митинг.

М.П.