Охриѓанецот Чеди Осман настапи на интернационалниот турнир за играчи родени `95та “”Jordan Brand Classic International Tour”” организиран под водство на Најк и ФИБА во Лондон.


Осман кој настапува во тимот на Ефес Пилсен беше повикани  меѓу 40 играци од цела европа кои  од 4 до 6 март беа селектирани низ разни критериуми , а во последниот ден одиграа “Ол стар“ натпревар по кој што беа одабрани најдобрите 10 играчи кои  ќе  го преставуваат Европскиот континент.


Меѓу десетте избрани е Чеди Осман коj од 13-16 Април во Шарлот,САД ќе ја преставува Европа и ке ги одмерат силите со американската Ол стар екипа.

Ohridnews