Охриѓанецот Петар Поповски, е еден од петте најуспешни истражувачи во Данска. Поповски на вчера одржаната свеченост во Глиптотек музејот во Копенхаген, заедно со уште четворица успешни истражувачи ја доби наградата „EliteForsk“ која им беше врачена од страна на данската принцеза Мари.

Овие награди, од страна на данското министерство за наука се доделуваат од 2007 година. Целта е да се поддржат и поттикнат залагањата и постигнувањата на талентираните истражувачи.

Данското министерство за наука Поповски го наградува по втор пат. Во 2008 година го вброи меѓу најуспешните млади истражувачи за постигнати исклучителни истражувачки научни резултати во светски рамки.

Охриѓанецот Петар Поповски е дипломиран електро- инженер, првенец на Електротехничкиот факултет во Скопје во генерацијата  1997. Магистрира во 2000 година на Електро-техничкиот факултет , каде и привремено работи како асистент, во Институтот за телекомуникации.  Во 2001 година заминува за Данска, на докторски студии во Универзитетот во Алборг. Од 2004 работи како доцент на Универзитетот во Алборг.

 

Т.К.