Охриѓанецот Радован Велјаноски со неверојатен човечки и спортски потег на Атлетскиот маратон кој се одржа вчера во Скопје ги освои симпатиите од целата земја.
Радован, непосредно до целта на скопскиот маратон забележа дете со даунов синдром кое лежи на земјата. Тој не штедејќи се го крена и со него в раце ги дотрча последните 50-тина метри.
Неговиот гест наиде на овации во финишот и беше прогласен за потег на 18-то издание на Атлетскиот маратон во Скопје, кој годинава имаше рекорден број на учесници.
OhridNews