Охриѓанецот Енгин Реџеп беше дел од акедемијата на Романската фудбалска легенда Георге Хаџи. Репрезентативецот на Македонија до 16 години во академијата имаше можност да работи во современи услови и под окото на врвни тренери и менаџери од целата Европа.   


– Многу сум задоволен од професионалната работа со младите фудбалери во акедемијата. Имав можност да тренирам со познати тренери и млади фудбалери кои доаѓаат ширум  Европа. Од тоа како се покажав на тренинзите и контролните натпреварите добив позитивна оценка, деновиве очекувам и конкретна понуда околу мојата понатамошна кариера – истакна Енгин Реџеп по доаѓањето од Романија.


Приликата на Реџеп да присуствува во една од најдобро организираните академии за млади фудбалери му ја овозможи ФИФА менаџерот Алфред Боде.

Мх.П.