Охриѓанецот Енгин Реџеп е дел од поширокиот список на фудбалската репрезентација за играчи под 15 години која викендов ќе има собир во Струмица.

Капитенот на охридските кадети ќе има можност да го покаже својот ракошен талент пред селекторот Горан Петрески на собирот кој ќе биде од селективен карактер.

– Чест и задоволство за нас како клуб преставува тоа што наш фудбалер ќе ги брани боите на македонската фудбалска репрезентација. Со Енгин во Струмица денес ќе заминат и преставници на ФК Охрид кои ќе бидат со него за време на престојот – рече секретарот на клубот Милчо Ристески.

Енгин кој потекнува од охридската фудбалска школа првите чекори ги направи кај Гони Мерко, а успешно работата со генерацијата која бележи одлични резултати ја продолжи Ѓоце Крстаноски.

М.П.