Охриѓанецот  Реџеп Селман прескокна само 14,84 метри и го освои последното 20. место во трискок на Европското првенство за постари младинци до 23 години кое се одржа во Дебрецин – Унгарија.

Селман настапи во квалификациите во трискок, но со оглед на постигнатиот резултат и не можеше да очекува подобар пласман. Беше пријавен во квалификациите со 15,11 метри, а доколку успееше да го повтори овој резултат кој го оствари на Балканското првенство во Софија пред само една недела, можеше да очекува и далеку подобар пласман.

Последните тројца во оваа листа прескокнаа под 15 метри, па Селман реално можеше да очекува да се одлепи од дното на листата.   Шпанецот Капелан со прескокнати 16,37 метри убедливо го освои првото место и златниот медал. Селман беше единствен наш натпреварувач на ова ЕП.

М. Постоловски