Охриѓанецот Михаил Шишкоски со погодени 580 кругови заврши на второто место на меѓународниот тунир ,,Македонија Опен“, што по повод 11-ти Октомври се одржа во Прилеп.


Шишкоски заостана само 12 круга зад прво пласираниот Милош Тасиќ од Србија кој со 592 круга победи на турнирот. И покрај одличните резултати во серија, охриѓанецот не е во плановите на селекторот ниту е не на листата кандидати за следната Олимпијада.

До кога мора да се трпат овие неправди и кога еднаш охридските стрелци ќе ја добијат заслужената шанса да покажат што знаат во националната селекција. Кој ќе понесе одговорност за селектирањето на стрелците за меѓународните натпревари со подпросечни резултати – прашуваат од раководството на охридскиот клуб.

OhridNews