Охриѓанецот Теофил Силјаноски беше избран за најдобар фудбалер на одиграниот турнир “Пелистерски Надежи“ изминатиот викенд во Битола. Тео со седум постигнати гола го предводеше “Еврофудбал“ до трофејот кој зарши во рацете на охриѓани по победата во финалето над Пелистер со 3-1.


– Прекрасно е чувството да се биде избран за најдобар во својата конукренција. Призанието е само награда за напорната работа и ќе биде дополнителн мотив за мене во иднина  – рече Силјаноски.


Со “бубамарата“ се дружи повеќе од три години, омилен фудбалер му е Кристијано Роналадо, а иако неговиот татко е “роден“ партизановец, негова голема желба е да заигра за Црвена Звезда.

М.П.