Охриѓанецот Тане Србиноски викендов  беше прогласен за севкупен победник на 8-та по ред Меѓународна изложба на украсна живина оддржана во тетовска Брвеница.

Нашиот сограѓанин кој веќе 20-тина години се занимава со одгледување и чување на украсни птици, по втор пат е прогласен за севкупен победник, откако тоа му успеа и во 2011 година.

Инаку, настанот беше во организација на тетовското друштво „Дијамантски петел“, а на истиот  присуствуваа учесници од Македонија, како и гости од Хрватска.

OhridNews