Охриѓанецот Валентин Кочоски заедно со уште двајца фудбалери од Академијата Пандев ќе бидат дел од тренинг кампот кај “калчилигашот“ Фиорентина.

Кочоски е стандарден репрезентативец во селекцијата на Македонија до 16 години, а за приликата да биде дел од тренинг кампот на Фиорентина рече – Несекојдневната прилика да се биде дел од тренинг камп на еден клуб од Серија А ме прави среќен. Спремен сум и ќе направам се да ја искористам оваа шанса максимално. 

Главен виновник за оваа можност на тројцата фудбалери да бидат дел од тренинг кампот е капитенот на македонската фудбалска репрезентација и член на италијанскиот Наполи, Горан Пандев.

Мх.П.