Охридските ракометари како четврто пласирани го завршија есенскиот дел од шампионатот во Првата Македонска ракометна лига. Охриѓани во 12.  рунди забележаа осум победи и четири порази и со 24 бода се на делба на третата позиција.

На првата позиција убедлив е Текстилец со максимални 12 победи во исто толку натпревари. На втората позиција е Радовиш кој има биланс од 8 победи, едно реми и 3 порази.

Битката за втората позиција се затвара со тимот на битолски Пелистер кој има идентичен биланс со охриѓани, но има подобра гол разлика.

Шампионатот продолжува наредната година во февруари.

М.П.