
– Да ги потсетиме граѓаните дека со измените на законските прописи постапката за поднесување на барања сега е многу поедноставена. Поднесителите на барањата потребно е да достават единствено лична карта, додека пак останатата потребна документација се обезбедува електронски меѓу институциите, а врз основа на потпишаниот меморандум за соработка меѓу Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за труд и социјална политика, вели директорот на центарот Екрем Каљоши.
Рокот за поднесување на барањата е до 30 ноември. Досега до охридскиот Центар за социјални грижи поднесени се 350 апликации.
Право на користење парична социјална помош имаат лицата кои не остваруваат приходи и не се работно ангажирани.
OhridNews











