Охриѓаните Дарко Иловски, Јован Китрозоски и Наум Попоски беа дел од “Б“ селекцијата за фудбалери под 19 години кои пртпреа убедлив пораз од Локомотива со 6-0. Селекторот Бочески имаше можност да се увери во квалитетот на фудбалерите кои доаѓаат од македонското превенство но според она што тие го прикажаа далеку се од дресот со националниот грб.


– Од нашата лига тешко се наоѓаат играчи. Во оваа селекција немаше ниту еден играч од оние кои играа во Сараево. Сите овие играчи добија шанса, а очигледно некаде грешиме – истакна  селекторот Бочески.

Репрезентацијата за фудбалери под 19 години ќе учествува на квалифкациите за ЕП во Турција, каде покрај домаќинот силите ќе ги одмери и со соодветните селекции на Германија и Унгарија. Само првопласираната репрезентација ќе патува на ЕП во Романија.