Новиот прволигаш кој по 15 години пауза се врати во елитното друштво се соочи со финасиска криза уште на стартот на новата сезона. Се уште не се подмирени заостанатите плати и премии на фудбалерите кои со задоцнувањеги започнаа подготвките. Над главата на  “белите“ кои како второпласирани ја минаа целта виси прашалникот дали ќе ја уплатат на време потребната котизација од 12 илјади евра за да играат во Првата лига.


– Го добивме дописот од федерацијата во кој стои дека до 30 јуни треба да се уплатат потребните средства. Добро ги знаеме нашите обврски, има уште два дена,  ќе почекаме до крај, ќе остане “тајна“ дали ќе ги уплатиме потребните средства  – вели претседателот на клубот Гоце Малезанов.

Од ФФМ велат дека нема да имаат попуст кон неплаќачите, и доколку некој се откаже ќе им биде понудена шанса на останатите второлигаши да го завземат нивното место.

М.П.