Под мотото „Сподели ја моќта на срцето“, викендов, на градскиот плоштад, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на срцето, доктори од ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања, вршеа бесплатни прегледи.
Граѓаните имаа можност да ги добијат потребните совети и консултации во врска со срцевите болести, ризик факторите кои влијаат врз срцевите заболувања и препораки за здравата исхрана.
Поаѓајќи од фактите дека, Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт на глобално ниво, тие предизвикуваат повеќе смртни случаи отколку сите други причини заедно и ги зафаќа најмногу земјите со низок и среден приход.Во рамките на незаразните болести кардиоваскуларните болести заедно со малигните заболувања се причина за речиси три четвртини за смртноста во Европскиот регион.Проценките покажуваат дека најмалку 80% од сите срцеви болести,срцев удар и дијабетес тип 2 може да се спречат.
OhridNews















