Атлетичарите на АК Охрид освоија најмногу први места на Државното поединечно првенство на Македонија за млади младиници-ки што го организираше Атлетската федерација на Македонија. На натпреварот учествуваа 80 натпреварувачи-ки од 12 атлетски клуба.


им тргна на охриѓани – од натпреварот во Скопје


Првите места за охридскиот клуб ги освоија:
– Александар Тасески (далечина 5,74 м)
– Дарко Велков (три скок 12,25 м)
– Јован Мечкароски ( 400 метри , 55,98 сек)
– Јована Целеска ( 800 метри, 2,58:70 м)
– Ѓоко Јандриески (800 метри, 2,15:13 м)
–  Штафетата 4 Х100 м во состав (Ајкоски , Велков, Илиески, Мечкароски)

Натпреварот во Охрид е од изборен
карактер за следното Балканско првенство за млади младинци-ки кое ќе се
одржи на 13 август 2011 во Бурса.

Ohridnews