Кошаркарски школи од Охрид и Струга и оваа година беа дел од кошаркарскиот камп во Улцињ, Црна Гора, кој беше во организација на Артан Пиперку познат и докажан кошаркарски работник додека главен и одговорен тренер на кампот беше Агрон Цеку селектор на женската репрезентација на Косово.


Младите кошаркари на КК.Колибри-Охрид, КК.Старс-Охрид, КК.Струга 2009, КК.Црн Дрим, како и нивните тренерите кои беа дел од кампот со позитивни импресии од случувањата во улцињ.


– Според досегашните искуства, овај камп како за нас тренерите, така и за играчите беше еден од одлично организираните. Според претходно утврдената програма се тренираше два пати на ден, а кошаркарската монотонија се разбиваше со добро осмислените забавни игри за камперите. Во текот на  камот беа организирани предавања од Фиба судии и тренери, додека шлаг на тортата беа меѓусебните дуели во кои камперите ги презентираа своите вештини – вели Весна Балазоска од КК Колибри.


Според зборовите на тренерите претставниците на Македонија, ги однеле сите награди ,а за МВП на кампот беил избран кошаркарот на КК.Колибри-Никола Ристески.

Ohridnews