Охриѓанката Тања Стојановска имаше серија успешни настапи на тениски турнири од Европски ранг до 16 год. организирани во соседна Србија, (Нови Сад и Панчево), каде постигна забележителни резултати.


Стојаноска се пласираше на двата турнири во 2. коло во сингл, губеше во неизвесни мечеви, а особено се истакна со стигнувањето до полуфинале во дублови на турнирот во Панчево, каде партнер и беше Словенката Ана Опареновиќ.

Годинава, забележителни резултати постигнува и 12-годишниот Стојан Стојановски, кој минатата година беше прво рангиран на Ранг листата од Македонската Тениска Федерација за јуниори до 12 години.


На тенискиот турнир од Европски ранг до 14 год. организиран во соседна Црна Гора (Никшиќ), Стојан Стојановски победи 2 кола, а во осминафиналето изгуби после голема борба. За 10-тина дена го очекува Државното Првенство на Македонија до 14 години.

На одржаното Државно првенство овој викенд (28-30 Мај) Тања Стојановска од Тенискиот клуб “Охрид“ стана државен првак на Македонија за јуниорки до 16 год.

Патот до победата не беше воопшто лесен, а во финалниот меч спаси и 3 меч топки. Претходно ги победи Миа Георгиевска со 7:6, 6:0, па Валерија Јордановска со 6:4, 6:4, па Искра Јорданоска 7:6, 6:2, а во финалето ја совлада Нора Адеми од ТК “Леонтиќ“ со 1:6, 7:6, 6:2. 

Во наредниот период Тања треба да се фокусира на Европското Првенство до 16 год., кое година се одржува во Москва во месец Јули.


И двајцата млади тенисери од Тенискиот клуб “Охрид“ годинава учествуваа на повеќе турнири – Отворени Првенства на Македонија, каде освоија први, втори и трети места, а ги очекува настап и на неколку тениски турнири од Европски ранг до 14 и 16 год.

Со завршувањето на школската година, Тенискиот клуб “Охрид“ во периодот од 06 – 15 Јуни врши запишување на млади тенисери, кои би тргнале по стапките на Тања и Стојан Стојановски, и би го поставиле Охрид како тениски центар во Република Македонија.

Заинтересираните можат да се обратат во ТК “Охрид“ во рамките на Спортскиот центар “Атина Бојаџи“.

Ohridnews