Репрезентативците на Македонија, Фатлум Жута и Примислав Димовски, освоија златни медали на боксерскиот турнир „Хакија Турајлиќ“, кој се одржа во Сараево.


Жута (75 кг) во полуфиналето го совлада Босанецот Фадил Пашалиќ, а во финалниот меч по исцрпувачка борба го совлада боксерот од Катар, Ахмед Набах Хзам. Жута доби признание за најборбен боксер на турнирот по она што го покажа во финалето.

Димовски (+91 кг) во финалето го совлада Романецот Мистор Михаи, со прекин во втората рунда.

Охриѓаните , Сашо Лескароски (64), Бојан Ристевски (69), беа елиминирани во првите мечеви од Џемал Фетаховиќ (БИХ), односно Ионут Георге од Романија,

Турнирот во БиХ е последна проверка пред Европското првенство во јуни.