Охридскиот футсал тим претпре “заслужен“ пораз на гостувањето во Тетово кај Елита со 8-7 во натпреварот од третата рунда од плеј-аут лигата.


Натпреварот воопшто не наликувал на првенствен , судиите ја толерирале оштрата и груба игра на домаќините, а охриѓани биле изложени на силен притосок на домашната публика која во текот на целиот меч ги навредувала и омаложувала.

– Жалосно беше она што се случуваше во Тетово, не можевме да поверуваме што се случува. Летаа лакта, удари, а судиите остануваа неми на случувањата. Неверојатно беше , во моментите кога имавме предност времето на семафорот не течеше. На крајот моравме да загубиме за да се вратиме живи дома – велат фудбалерите.

Фудбалерите на Охрид`21 се во длабока дилема дали да ги продолжат натпреварите во вакви услови и размислуваат да ја напуштат лигата.

Ohridnews