Во текот на вчерашниот ден на градскиот плоштад во Охрид, граѓаните во пунктовите на „Аџибадем Систина“ имаа можност да се едуцираат околу срцевите заболувања и истовремено да направат бесплтани прегледи, со цел превенција и рано откривање на некој од ризик-факторите кои можат да придонесат кон некое сериозно заболување на овој витален орган.

Нашата болница веќе неколку години се вклучува во редовниот ден на срцето, кој што е обично во последната недела од месец септември. Но оваа, на доброволна основа и под покровителство на минитерството за здравство, го организираме овој караван веќе трета недела. Денеска сме во Охрид и тука останува уште два дена. Главната задача е да укажеме на охриѓани дека редовната физичка активности, здравата исхрана со користењето на риба и маслинов зејтин, прекинот на пушење, намалувањето на телесната тежина, го чуваат срцето и здравјето на човекот.“ – изјави д-р Иван Трајков, специјалист по интерна медицина и кардиологија.

Тој потенцира дека една од главните цели на караванот е да укаже дека потребни се редовни прегледи, посебно кај онаа категорија граѓани кои имаат срцеви заболувања во фамилијата.

Денеска охриѓани имаат можност да направат основни кардиолошки прегледи, да се запознаат со својата состојба, да им се измере шеќер и маснотии во крв, кои се огромен ризик фактор. Кај оние пациенти кај кои има потреба и кај кои ќе воочиме некоја деформација, дополнително се прави електро кариограм и ЕХО на срце, а најпосле ги упатуваме во болница.“  – додаде Трајков.

Инаку, медицинските стручњаци на „Аџибадем – Систина“ сугерираат дека неопходни се прегледи на срцето по 30-тата година, односно еднаш годишно по 40-тата.

O.T.