По двонеделната пауза во домашниот шампионат, поради пријателската средба на македонската фудбалска репрезентација со Албанија, продолжуваат натпреварите во Првата и Втората македонска фудбалска лига.


Охридските бели кои се наоѓаат на четвртата позиција на табелата, в сабота одат на мегдан со некогашниот првак Силекс во Кратово. И кратовци се во врвот на табелата имаат исто бодови колку охридскиот тим, но имаат послаба гол разлика.

Првиот меѓусебен дуел во првиот круг го доби Охрид со 2-0, благодарение на погодоците во финишот на мечот на Клечкароски и Алими.


Добро ја искористивме паузата за да се освежиме и подготвени да влеземе во последните пет рунди од есенскиот шампионат. Не очекуваат сериозни предизивици , а наша цел е на сите натпревари да одиграме на победа, вклучувајќи го и овој во Кратово – вели заменик капитенот Александар Велески.


За мечот со Силекс под знак прашалник е настапот на капитенот Сашо Ѓорески кој влече повреда на коленото стекната на мечот со Ренова. 

М.П.