Охридските атлетски младинци ја одбранија титулата во купот и втора година во низа го освојуваат трофејот за севкупен победник.


Во машка конкуренција со освоени 61 бод охриѓани се пласираа на првото место пред 7 Мај со 43, односно Работнички со 29. Најуспешна женска екипа беше Лирија со освоени 55 бода, пред  3-Ноември со 44 бода и  7-Мај со 20 бода.

Во севкупен пласман 75 бода беа доволни за прво место за Ак Охрид. 7-Мај  беше втор со освоени 63 бода, додека Лирија остана на 55 бода освоени во женска конукуренција.

Ohrid News