Супер дербито одиграно на СРЦ “Атина Бојаџи“ пред три ијлади гледачи му припадна на 11 Октомври кој со 2-1 го победи Охрид и го претекна на врвот на табелата.
Гостите кои во Охрид, допатува со цел да не загубат во целост го искористија неискуството на охриѓани и одиграа натпревар како по ноти по што се огромни три бода кои широко им ја отвараат вратата кон Прва лига го напуштија градот покрај езерото.


Домаќините први се закана преку офанзивниот Ѓорески, но неговиот удар откосо од самата гол линија со рефлексна интервенција го одбрани Коруновски.

Проблемите за тренерот на “рибарите“ Ѓорески се зголемија кога по 15 минути игра поради повторување на повредата на коленото го загуби и вториот деструктивец во тимот Д.Клечкароски, откако поради повреда пред мечот отпадна и Наум Џалески.

Прилепчани позиционирани на својата половина не оставаа многу простор за игра, а во нападот го имаа “тешкашот“ Гешовски кој беше констатна закана за голот на Карамачоски.

По половина час игра прилепската 9-ка го отвори резултатот. Прими длабочинска топка, во трк се ослободи од одбранбените играчи и со одмерен удар по земја го совлада Карамачоски.


Шок за изгубените охриѓани кои тешко се разбудија. По контра нападот Кулески имаше можност да го удови водството но неговиот удар заврши над голот.

Во финишот на првиот дел по центаршутот на најактивниот играч во “бледиот“ тим на Охрид, Ѓорески , Нически ја зафати топката , но волејот заврши за малку покрај голот.


Сликата многу не се промени и во вториот дел, охриѓани ја имаа топката во свој посед, но не успеваа да создадат посериозна прилика. Ударите од “слободен“ на Клечкароски беа лесен плен за сигурниот Коруновски.

Во 70 минута повоторно на сцена стапи Гешовски, одлична проценка на долгата топка, ја претрча одбраната , а во казнетиот простор го собори охридската единица, Карамачоски. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Рутевски.


По вториот погодок падна темпото на игра, финишот возбудлив го направи ветеранот Нически, кој прифати еден отпадок и од работ на шестнаесетникот ја затресе мрежата на Коруновски, враќајќи ја публиката во игра.

Охриѓани пробаа во финишот на мечот да стигнат до изедначувачки гол, Ф. Митрески ја имаше најубавата можност но неговиот полуволеј заврши над голот.


Прилепчани почнаа да “крадат“ време се превиткуваа и на секој најмал допир,а во таквата игра предничеше нововлезниот Димитровски, кој заработи и жолт картон.

Последниот свиреж на интернационалецот Мечкаровски значеше крај на надежите на “рибарите“, а почеток на радоста во гостинскиот табор.

Мирко Постоловски