Од почетокот на годинава досега, до Одделението за заштита на потрошувачите при Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) поднесени се 63 претставки. Десеттина од нив се поднесени со јавување на бесплатниот телефонски број на АХВ -0800 3 22 22 на која граѓаните можат да пријават неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните и да дадат предлози, а јавувањата се снимаат.

За жал, од ставањето во функција на бесплатната телефонска линија во февруари годинава, од охридскиот регион преку бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, не се поднесени претставки од страна на граѓаните, информираат од АХВ.

Оттаму ги охрабруваат граѓаните да ги пријавуваат евентуалните неправилности од областа на безбедноста на храната. Напоменуваат дека  граѓаните при јавувањата можат да останат анонимни, а доколку ги остават личните податоци (име и презиме, адреса и телефонски број за контакт) ќе добијат писмено известување.

Т.К.